Нови протести и судири во Барселона
Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери. Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата Авенија Меридијан во источниот дел на градот.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, немало знаци на насилство како во претходните денови. „Ние сме луѓе на мирот“, пишуваше на еден од транспарентите што го носеа демонстрантите. Вршителот на должноста министер за полиција Фернандо Гранде-Марласка вчера изјави дека во судирите досега биле повредени 288 полицајци, уапсени 194 лица и оштетени се 267 полициски возила. Исто така, повредени се неколку стотици демонстранти.
Градоначалникот на Барселона, Ада Колау изјави дека еден полицаец и еден демонстрант се во критична состојба и дека неколку лица го изгубиле едното око, бидејќи биле погодени од гумени куршуми испукани од полицијата.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право