Македонија
27. January 2017 - 18:02

Нови промени со времето - Еве какво ќе биде утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и тивко наутро со појава на магла во котлините.

Температурата ќе се движи од нула до шест степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко.

Температурата ќе достигне до три степени.

Утре во претпладневните часови по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Извесно зголемување на облачноста ќе има во недела и понеделник и услови за провејување на слаб снег. Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.