Македонија
18. November 2016 - 8:31

Нови проекти за рурален туризам во Чашка, Дебрца, Липково и Боговиње

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон денеска ќе ги доделат документите за четирите нови проекти за развој на руралниот туризам во општините Чашка, Дебрца, Липково и Боговиње. 

Во рамки на реализацијата на овој заеднички проект на Министерството и  УНДП, во четирите плански региони: Североисточниот, Вардарскиот, Полошкиот и Југозападниот се подготвени и регистри на туристичките потенцијали на регионално ниво за поттикнување на развојот, преку создавање услови за локален туризам.