Македонија
26. September 2016 - 16:28

Нови прислушувани разговори се објавуваат на Фејсбук - Протекуваат ли материјалите на Чаушот?

Нови снимки од незаконски прислушувани разговори се појавија на фан страна на Facebook. Оној кој ја уредува страната тврди дека станува збор за снимки на пратеничката Ермира Мехмети и екс вице премиерот Муса Џафери, како и останати високи функционери на ДУИ, меѓу кои, и лидерот на партијата Али Ахмети.

Анонимниот објавувач преку фотографии тврди дека поседува голкем број разговори кои најверојатно допрва ќе станат достапни за јавноста.

Засега нема информација кој стои зад оваа страна и од каде протекуваат незаконски прислушуваните разговори.

Претходно вакви архиви на приватни рагзовори објавуваше обвинетиот во случајот Шпион Зоран Божиновски. Папки со прислушувани материјали беа пронајдени и во компјутерот на Захир Бекири Чауш како и на усб и хард дискови чувани во неговиот дом.

Чаушот ваквите материјали ги чуваше во фолдер именуван - ЗАЕВ-СДСМ.

Портпаролот на СДСМ денеска тврди дека рагзоворите не потекнуваат од партиската архива. Велид ека Заев се што псоедувал и предал на КАтица ЈАнева.

Пратеничката на ДУИ, Емира Мехмети која и претходно беше жртва на вакви објави се огласи на социјалните мрежи.  Таа преку својот фејсбук профил тврди дека разговорите не се автентични,  дека снимките се монтирани а гласот е на друга жена.

„Решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества.Таму мажот го има последниот звбор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – напиша Мехмети на Facebook.

Во расправата на собрансиката комисија, Катица ЈАнева обелоденид ека досега преслушала само 12 проценти од сите материјали кои и ги предаде лидерот на СДСМ. Најпрво тврдеше дека во нив не го слушнала неговиот глас за потоа да изјавид ека иако псоедува и разговори на Заев во нив нема докази за криминал.