Македонија
7. December 2017 - 11:36

Нови препеви на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски

Во специјализираното списание за поезија „Поетикон, што излегува во Љубљана, на словенечки јазик, објавен е пообемен циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски во извонреден препев на Лара Михаиловиќ. Препевите се и најава за објавување на книга на словенечки јазик, во текот на 2018 год.

За својата поезија Димоски е повеќекратно наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.