Балкан
18. July 2016 - 9:30

Нови прекини во железничкиот сообраќај во Грција

Од денеска до среда во Грција одново нема да има железнички сообраќај, поради штрајк на железничарите кои протсетираат против одлуката „Траиносе“ да биде продадена на италијанската државна железница.

Грчкиот Фонд за развој минатата недела соопшти дека италијанската железница „Феровие Дело Стато Италиане“ С.п.А во целост ќе ја преземе грчката железница „Траиносе“ за 45 милиони евра.

„Феровие“ е трета по големина железничка компанија во Европа и се очекува да пренесе умешност, практично знаење и искуство за „Траиносе“, наведе Фондот.

Фондот за развој соопшти и дека завршувањето на тендерот претставува заокружување на процес кој започна пред три години и обезбедува одржливост и понатамошен развој на „Траиносе“.