Балкан
26. November 2018 - 17:41

Нови потреси во регионот, земјотресе ја стресе Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3,6 степени го потресе денеска црногорското приморје.

Потресите најмногу се почувствуваа во Будва и Херцег Нови.

Како што јави Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, епицентарот е регистриран нешто по 15 часот, на седум километри североисточно од Крушевице.

Епицентарот на земотресот е лоциран на длабочина од 13 километри. Заводот наведе дека овој земјотрес не можел да предизвика материјални штети во епицентралното подрачје.