Македонија
18. September 2019 - 16:37

Нови пораки за датум - Македонија заслужува датум сега, а не подоцна

Првиот човек  на Европскиот комитет на регионите Карл-Хајнц Ламберц дојде  во Скопје со  истата порака како и престедателот на Европскиот совет Доналд Туск- Македонија ја заслужува одлуката за старт на преговорите.

Белгијанецот како претседател на  советодавниот комитет  составен од локално и регионално избраните преставници на земјите членки, позитивно ја оцени децентрализацијата во земјава , процес кој,вели , на терен носи поредизвици и за земјите на Унијата. За Османи најголем проблем се кадровските капацитеи во општините кога се работи за спроведување европски проекти.

Ламберц покрај вицепремиерот за евроинтеграции, се сретна и со престедателот Пендаровски, а оствари средби и во македонското Собрание.