Нови полуподземни контејнери се тестираат во Карпош 3
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, денеска информираше дека станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од финскиот производител Молок кој преку своите локални партнери покренал иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје.
– За таа цел на улица „Никола Русински“, зад ТЦ Лептокарија во Карпош, поставени се шест вакви контејнери, од кои два се со капацитет од три кубни метри, а четири се со капацитет од пет кубни метри. Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација, изјави Шилегов, на заедничка прес-конференција со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје Абдусамед Шабани.
Тој додаде дека овој пилот проектот ја дава и можност за селектирање на отпад и граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.
– Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект ќе ги согледаме сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени внимателни анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат. Граѓаните веќе ги чувствуваат промените со новиот концепт на третманот на комуналниот отпад во Град Скопје. Промените се видливи и мерливи. Градските улици се почисти, сменети се голем дел од садовите за комунален отпад и нивното празнење е сега побрзо и поефикасно, во тек се повеќе активни кампањи за услугите за подигање кабаст отпад и бесплатното подигање на стрништата и отпадот после берба на земјоделските производи. Тоа значи дека се движиме во правилна насока и доколку сите заедно се погрижиме, за релативно кратко време ќе имаме неколкукратно почист град од она што сме навикнале да го гледаме до неодамна, изјави Шилегов.
Шилегов денеска уште еднаш упати апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена и да го фрлаат отпадот во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот навечер, во затворени пластични кеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите и слично.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.