Нови паркови и зелени површини во Карпош
Повеќе делови од општина Карпош ќе бидат хортикултурно уредени, е договорено на денешната средба на градоначалникот Стефан Богоев и директорот на „Паркови и зеленило“ Адријан Муча и оперативниот директор на претпријатието Игор Вељаноски.
Планирано е хортикултурно да се уреди потегот спроти хотелот „Карпош“ на улицата „Шекспирова“, да се разубави делот околу Драмскиот театар и редот кај „Тинекс“ маркетот во Карпош 2, ново зеленило ќе има на потегот долж булеварот „8 Септември“, како и делот од спротива, а ќе се разубави и потегот на ул. Љубљанска, поточно, зеленилото спроти кафе барот „Чаптер“.
– Имаме шанса да добиеме нови „бели дробови“ не само за Карпош, туку за целиот град. Нашата намера е да започнеме со изведба на содржинскиот дел од паркот и веќе добивме грант од Светска банка за оваа намена, но потоа, целосно да го уредиме и продолжението на овој потег, за што ни е потребна поддршка од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ и градските власти, истакна градоначалникот Богоев.
На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка