Нови паркинзи во Општина Кисела Вода
Заврши изградбата на два паркинзи во Општина Кисела Вода. На местото од дивата депонија кај „Мечкаров” сега има уреден простор за паркирање на 50 возила, а жителите во Расадник добија простор за паркирање на 90 возила. Почна и изградба на уште два нови, соопштија општинските власти.
Во однос на изградбата на два нови паркинзи, едниот се гради на паркиралиште позади училиштето „Партенија Зографски”, непосредно до градинката „Весели Цветови”, а другиот на улицата „Коперникова” во населбата Драчево.
Ова, како што соопштија од Општината, значи уште вкупно 100 паркинг места за жителите од општината.
Според градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски интензивно се работи на обезбедување на локации за паркирање, бидејќи организацијата на сообраќајот во мирување има голема улога во квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај во една ваква урбана средина.
-Завршивме со изградбата на два нови паркинг простори, а веќе се градат и уште два и тоа во сите делови на општина Кисела Вода. Во паркинг места, ова значи бројка од 240, што е значаен чекор во надминувањето на проблемот со кој секојдневно се соочуваат нашите жители. Ќе потсетам дека изградивме паркинг на улицата „Бранко Заревски” во населбата Драчево, а во периодот што следува, изградба на паркиралишта ќе има и во УЗ „Цветан Димов”, „11 Октомври-Згради”, во близина на училиштето за слепи лица, како и во Расадник, каде течат активности за комплетирање на документацијата за изградба на монтажно паркиралиште, изјави Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување