Бизнис
10. September 2015 - 19:45

Нови огласи за самовработување и отворање нови работни места

Невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис можат да аплицираат за добивање кредит до 3,000 евра. Доколку пак се здружат неколку лица и отворат бизнис, ќе добијат намногу 9,000 евра за 3 новоотворени работни места. Огласите се објавени, аплицирањето е во Агенцијата за вработувањеа.

Владата  нуди можност за кредитирање за самовработување на мали бизниси , каде дава од 3 до 9 илјади евра, додека за дејности од поголем обем  од 5,000 до 17,000 евра  кредит,односно по  3,000 евра за секое новоотворено работно место.

Останатите две мерки се насочени кон микро и мали претпријатија. Нив Владата им обезбедува евтини кредити и финансика помош за отворање до 3 работни места.

Лицата кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација повеќе од 3 години можарт да добијат дополнителни 1,000 евра кредит

Рокот на враќање е 3 години, со една година грејс период до 9,000 евра, односно  5 години за кредиот над 9,000 евра. Каматата е поволна и  изнесува само 1%. Аплицирањето е едноставно.

Младите пак до 29 години кои сакаат да започнат сопствен бизнис , можат да добијат по 7,000 евра кредит, плус за секое новоотворено работно место доплонителни 1,000 евра, при што ќе се финанисираат проекти со најмногу 5 работни места, или до 23 илјади евра.

Рокот на враќање е 7 години , со година и пол грејс период и камата од 1%

Владата нуди можност и за кредитирање микро и мали фирми кои ќе вработата млади до 29 години, при што ќе добијат 3,000 евра по отворено работно место на лице над 29 години и 4,000 за лице до 29 години.

Максималниот износ е 9,000 евра за вработување 3 лица над 29 години или 12,000 евра за вработување на 3 невработени до 29 годиошна воздраст

Огласот за сите 4 мерки трае до 21 септември.