Свет
16. January 2020 - 20:34

Нови обвинувања против Епстајн, најмладата жртва имала 12 години

Обвинителката на Девствените Острови побара одземање на имотот на покојниот холивудски продуцент Џефри Епстајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување на малолетни лица на архипелагот до 2019 година меѓу кои и 12-годишно девојче.

Откако федералниот обвинител од Менхетен во јули 2019 година го обвини за сексуална злоупотреба, Епстајн се обеси во затворот во Њујорк на 10 август минатата година.

Во судската постапка поднесена од обвинителката на Девствените Острови, Дениз Џорџ се обидува да го одземе имотот на милијардерот Епстајн, кој имаше два приватни острови од архипелагот Девствени Острови.

Во тужбата е опфатен периодот од 2001 до 2019 година.

Според неа, истрагата открила дека Епстајн организирал „голема мрежа за трговија со луѓе и за сексуална злоупотреба на млади жени и малолетни лица од Девствените Острови“.