Фудбал
16. March 2018 - 11:20

Нови нереди во Билбао

Шпанската полиција повторно имаше полни раце работа откако ултрасите направија инциденти по улиците на Билбао и тоа по вторпат откако претходно дивееја за време на гостувањето на Спартак Москва.Овојпат хаос на улиците и на стадионот „Сан Мамеш“ пред осминафиналниот реванш во Лига Европа помеѓу Атлетик и Олимпик. Според полицијата дивееле хулиганите на тимот од Марсеј.

 
Најлошо минале двајца редари и едно девојче. Еден од редарите на возраст од 57 години бил хоспитализиран со полесни повреди на вратот, а неговиот колега бил ранет во раката.
 
Ултрасите на Олимпик Марсеј важат за едни од најекстремните во Франција, тие успеале хаосот што го предизвикале на градските улици да го пренесат и на стадионот. Хулиганите фрлале разни предмети и факли на трибината под себе, а еден факел погодил и повредил едно девојче.
 
Потоа полициските сили влегле на трибината и се пресметала со другите навивачи.
https://