Македонија
1. July 2020 - 20:00

Нови научни сознанија за корона вирусот

САД ја откупија целата светска резерва на лекот Ремдесивир кој се покажа како успешен во третманот на корона вирусот. Во следните три месеци ниту една европска земја ќе нема можност да го набави овој лек, откако администрацијата на Трамп купи повеќе од 500 000 дози што е вкупно производство за јули август и септември.

Ремдесивир е првата одобрена терапија за КОВИД 19 од американските здравствени власти.  Истражувањата покажаа дека овој лек го забрзува заздравувањето за четири дена, кај пациентите кои се хоспитализирани и се со тешки симптоми, во исто време ја намалува и смртноста од вирусот. Лекот беше произведен пред 5 години за лекување на еболата, но не ги даде очекуваните резултати.

Водечката светска алатка за доктори и медициски работници Medscape пак објави истражување според кое се откриени бројни недостатоци на тестовите за антитела на КОВИД 19. Овие тестови преку крв ретко даваат точни резутати дали некој бил заразен или пак има развиено имунитет против вирусот.

„Постојат шпекулации дека позитивниот резултат може да значи дека луѓето имаат одредена заштита, барем привремено, од повторна инфекција. Но, ваквите надежи се нереални, тврдат бројни професори кои ги работеле истражувањата. Тврдењата диретно ја поткопуваат вредноста на овие брзи тестови во т.н. серолошки студии кои ги најавија голем број на држави меѓу кои и Макеоднија се со цел да утврдат колкав процент од населението било во контакт со вирусот.

Во исто време тим истражувачи од Државниот универзитет во Сингапур разви систем за брзо тестирање преку ПСР методата кој дава резутати за 1 час. Ваквото брзо и прецизно прегледување значително ќе го намали потребното време за анализа на примероците за која сега е потребно време од неколку часа до еден ден.

Преносниот систем е со големина на тостер е лесен за ракување дури и за домашни услови, што може значително да го зголеми опсегот на тестирање а со тоа и да се намали ширењето на вирусот. 

Тимот истражувачи веќе го патентираше овој изум но активно работи на негова комерцијализација.