Македонија
16. May 2019 - 11:39

Нови напади од кучиња-скитници во Скопје

Нападите од кучиња - скитници продолжуваат низ Скопје, во полициската станица вчера биле регистрирани два случаеви.

На 15.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(39) од Скопје пријавила  дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. 

- На 15.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(64) од Скопје пријавил дека на 14.05.2019 година околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.