Македонија
22. May 2019 - 12:13

Нови напади од кучиња-скитници во Скопје

Нова серија на напади од кучиња скитници во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера во 13.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М. С. (62) од Скопје пријавил дека истиот ден на улица „Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Исто така вчера и во  полициската станица Карпош било пријавено од страна на  С. П. (73) дека истиот ден околу 17.30 часот на улица „Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.