Македонија
8. March 2019 - 10:33

Нови напади од куче - скитник во Скопје - повредени две жени

Продолжуваат нападите од кучиња скитници во главниот град, вчера регистрани два нови случаи.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 12.25 часот во Полициската станица Кисела Вода М.П.(53) од Скопје, пријавила дека на булеварот “ВМРО“ била касната од куче скитник во пределот на  левата нога.

На 07.03.2019 година во 20.15 часот во Полициската станица Центар П.М.(35) од Скопје, пријавила дека на улицата “Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.