Балкан
29. August 2017 - 9:20

Нови мигрантски текови кон „ветената земја”

РТС - Белград
По затворањето на балканската рута за мигрантите, бројот на тие кои се обидуваат илегално да влезат во Србија од Бугарија, Македонија и Црна Гора, драстично е намален. Секој ден до седум мигранти се обидуваат без документи да влезат на српска територија. Во пет постојани и 13 прифатни центри моментално се околу 4.500 бегалци од кои повеќето во Србија ќе ја дочекаат зимата.

Само тие најупорните кои ризикуваат да бидат вратени во земјата од која потекнуваат, се обидуваат да ги заобиколат мешаните гранични патроли со војска и полиција. Современите термовизиски камери кои ги донираше ЕУ за да ја заштити својата надворешна граница кон Србија, распоредени се на најкритичните места кон соседна Бугарија и Македонија.

„Сето ова ни говори дека некои мигрантски текови се насочени кон централната медитеранска рута и на правци кои водат од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина во западна Европа и од Албанија во Италија”, вели Милан Гујаница од командата на Заедничките сили на војската и полицијата на Србија.

Тие кои кон Западот ќе изберат пат преку Грција и Македонија се регистрираат во Прешево, а тие што одат од Турција и Бугарија, во приватниот центар во Димитровград.

Пи-ар Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија Иван Мишковиќ вели дека еден број мигранти се вратиле во Грција.

„Од таму мислат и веројатно е и точно, дека ќе биде полесно да се спојат со некој член од семејството кој успеал да стигне до Германија. Еден број на мигранти излегуваат официјално на два гранични премини во Унгарија, значи 10 мигранти дневно во работните денови, но еден мал број на мигранти се определуваат за доброволно егзистирано враќање во земјата од каде потекнуваат, кои ги спроведува Меѓународната организација за миграции” – вели Мишковиќ.

За изминатата година, нашите заеднички сили на војската и полицијата кои се распоредени долж границата кон Бугарија, Македонија и дел кон Црна Гора, заедно со колегите од ЕУ, спречија илегално влегување на околу 22.000 мигранти. Голем број од нив се деца кои во повеќето случаи во Србија влегуваат без родители.

А децата се најмногу во прифатните центри во Бугарија. На нивните родители, чиј сон е западна Европа, со хуманитарен статус на бегалци, за пат преку Србија им треба виза.

„Тука се главно семејства од Сирија и Ирак. Некои се тука со месеци и се подготвуваат на пат кон Србија. Други чекаат решавање на бегалскиот статус во Бугарија. Сите се регистрирани и здравствено проверени” – вели Георги Џанков од прифатниот центар „Враждевина” во Софија.

Земјите на ЕУ, посебно Германија, врз основ на Даблинскиот договор од почетокот на годината во Бугарија врати околу 600 мигранти.