Македонија
20. October 2020 - 21:18

Нови мерки за сузбивање на Ковид-19 – кои мерки стапуваат на сила веднаш, а кои ќе го чекаат Собранието

Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот, осовен за оние кои вршат испорака, а се ограничува и капацитетот на примени патници во јавниот превоз на 50 отсто. Јавната администрација на централно и локално ниво, како и онаа во судовите треба да да одбере меѓу две опции: работа во смени или онлајн од дома, или пак, со редукација на вработените преку систем на ротации.

Владата донесе три нови мерки за заштита од КОВИД 19. Сите  три стапуваат на сила од утре по објавувањето во Службен весник. За нив не се потребни никакви законски измени.

За разлика од нив, претхосниот сет на мерки кои ги препорача Комисијата за заразни болести, како што е задолжително носење на маска на отворено и забрана за групирања по 23 часот чекаат на парламентот. За овие здравстевни мерки ќе се чекаат политички преговори меѓу власта и опозцијата откако денеска беше повлечен Законот за заштита на населнието од заразни болести. Опозицијата побарала неколку денови за да ги разгледа владините мерки и да предложи свои мерки за заеднички да поминат законските измени во парламентот.

„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна“

Слична порака и од претседателот на собраниската комисија за здравство.

Додека власта и опозицијата се убедуваат на здравствените мерки, премиерот Зоран Заев пак, е убеден дека носење на маска на отворено е добра мерка.

Освен здравствените мерки, Владата денеска препорача и разрешување на директорката на националната агенција за европпски образвони програми Лидија Димова.