Македонија
30. March 2018 - 22:06

Нови мерки за добивање американска виза: Се бара и Фејсбук профилот

Патниците кои сакаат да ги посетат САД наскоро ќе мора да ги дадат своите идентитети на социјалните мрежи, претходните телефонски броеви и имејл адреси, соопшти вечерва американскиот Стејт департмент.

Таа мерка на годишно ниво ќе се однесува на околу десет милиони луѓе кои сакаат туристичка виза или да имигрираат во САД. Ова нема да важи за дипломати и валдини претставници.

Во предлогот не  се споменува програмата за иземање од визи (ESTA) што ја користат граѓаните од околу 40 богати земји, меѓу кои и 30 од Европа. Оваа програма овозможува 90 дена престој во САД без  виза.

Патниците ќе имаат обврска да дадат информации за последните пет години. Тоа ќе се однесува на претходните патувања во странство, телефонските броеви што ги користеле во тој период, имејл адресите и профилите на социјалните мрежи.

За новиот предлог и неговото донесување ќе се одлучува на 29 мај.