Свет
10. July 2017 - 8:52

Нови локалитети на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

На Листата на светско културно наследство, УНЕСКО официјално додаде неколку нови локалитети, соопшти Организацијата за наука и култура при ОН.

Меѓу нив се и Которската тврдина во БиХ, калето Свети Никола во Шибеник, Хрватска, како и градските ѕидини на некогашната Република на Свети Марко, коишто се наоѓаат во Задар.

На листата се впишани и стари пештери кои се наоѓаат во западна Германија, стари рудници на сребро во Тарновски Гори на југот од Полска, како и „Успенската црква“ на островот Свијажск во руската Република Татарстан. Натаму на листата се и древниот град Јазд во Иран, јапонскиот остров Окиношима и националниот парк Лос Алерсес во Аргентина, како и грандиозните дела на современата архитектура во престолнината на Еритреја, Асмара.

На Листата сега се наоѓаат и Тапутапуатеа на островот Рајатеа во Француска Полинезија, како и островот Кујата на Гренланд.

За време на 11-дневното заседание, кое е 41-во по ред, Одборот на УНЕСКО за светско културно наследство годинава досега додаде 19 нови локалитети на Листата.