Нови лифтови за студентските домови во Скопје
Министерството за образование и наука објави тендер за замена на осум лифтови во студентските домови во Скопје. Проектот не го опфаќа домот „Гоце Делчев“ каде што лифтовите се заменуваат при реконструирањето на блоковите.
- Со исклучок на домот „Гоце Делчев“, каде што лифтовите се менуваат паралелно со реконструкцијата на блоковите, во сите останати студентски домови предвидено е да се променат осум лифта. За оваа намена се планирани околу 15 милиони денари од буџетот. Очекувам по завршувањето на целата постапка, во втората половина од оваа година лифтовите да бидат наместени и ставени во функција. Со тоа, по неколку децении ќе се изврши комплетна промена на лифтовите во студентските домови, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
За студентските домови во другите градови во Македонија нема потреба за лифтови, но тие ќе бидат опфатени со проектот за реконструкција и целосна промена на мебелот.
- Согласно со Законот за јавни набавки, подготовките се во завршна фаза, така што очекуваме во наредниот период да биде објавен и тендер за промена на мебел во сите студентски домови, не само во Скопје, туку и во останатите градови, додаде Ристовски.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош