Живот
9. January 2019 - 14:06

Нови лица во претпродолжението на „Игра на тронови“

Претпродолжението на „Игра на тронови“ полека ја добива својата форма, откако ХБО официјално ги објави имињата на осуммината нови актери и соработници кои ќе му се приклучат на проектот.

Имено, новата приказна на Џејн Гудман и Џорџ РР Мартин ќе ја режира Ес Џеј Кларксон, режисерот на наредниот филм од серијалот „Ѕвездени патеки“. Во актерската екипа пак, се вклучуваат Наоми Еки, Дениз Гаф, Џејми Бауер, Шила Атим, Ивано Џеремаја, Џорџ Хенли и Тоби Регбо, познати од повеќе филмски и телевизиски хитови.

Проектот е сѐ уште во претпродукција, а сѐ што се знае за содржината е тоа дека приказната е сместена илјадници години пред онаа во „Игра на тронови“.