Македонија
7. February 2016 - 17:22

Нови кривични пријави за обвинители од тимот на Јанева

„До гуша си заглавен во кал и ако не соработуваш ти следи затвор“. Не запираат заканите и притисоците од Специјалното обвинителство, кое на ваков начин се обидува да изнуди лажни искази од сведоци. Порталот Денешен пишува дека се поднесени нови кривични пријави против обвинители од тимот на Катица Јанева  кои со уцени се обидувале да прибават докази. Пријавите се поднесени од жители на Свети Николе кои се пожалеле дека од соработниците на Јанева биле повикани на разговор, без присуство на адвокати и без вклучени камери, надвор од сите законски процедури. Според нивните искази, биле сослушувани од лица кои за време на целиот разговор биле вооружени. На таков начин обвинителите со заплашување и под присила ги терале да потпишат невистинити изјави. Ова не е прв случај Специјалното обвинителство во недостаток на докази да се послужи со брутални притисоци врз сведоци и нудење мито, за што досега се поднесени повеќе кривични пријави, а граѓаните се почесто се охрабруваат да проговорат за незаконското работење на Катица Јанева.

Таа сеуште молчи и за изјавите на Зоран Заев кој пред три дена најави дека Специјалното обвинителство ќе започне со испорачување на обвиненија и притвори кои ќе влијаат врз датумот на избори. Со својата изјава Заев и јавно потврди дека Јанева дејствува по негови наредби и дека со нејзина помош ќе се обиде да ги одложи изборите.

 „Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев. Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите“ рече Зоран Заев лидер на СДСМ.

Со ваквото работење, Јанева  предизвика револт и кај граѓаните. Тие велат дека со нејзините последни постапки стана јасно дека Специјалното обвинителство е само продолжена рака на опозицијата и дека со заедничкото дејствување само и нанесуваат штета на државата.

Анкета

Незаконското работење на Специјаното обвинителство го потврди и Советот на јавни обвинители. Тие утврдија дека Јанева брутално ги избркала двете обвинителки од својот тим за што дала и лажен исказ дека тие си заминале по свое барање, а поднесен е и првото обвинение против близок соработник на Оливер Спасовски кој со поткуп од 100.000 евра се обидел да влијае врз сведок да потпише лажен исказ во полза на Специјалното обвинителство, за што се уште нема никаков коментар од Катица Јанева.