Живот
30. April 2020 - 8:47

Нови играчки херои на Мател за борба против Ковид-19

Американскиот производител на играчки Мател, во чест на медицинските работници направи нова колекција „Херои” играчки. Приходот од продажбата ќе биде наменет за помош на здравствените лица.

Играчките со лик и униформи на лекари, сестри, техничари итн., можат да се купат од денеска, преку интернет, по цена од 20 долари од играчка.

Приходот е наменет, пред сѐ, за кампањата #FirstRespondersFirst , насочена за помош на оние кои ширум светот се на првите борбени линии против коронавирусот.

Минатата недела Центарот за контрола и спречување болести процени дека најмалку 9.200 здравствени работници во САД се инфицирани со вирусот за време на корона-епидемијата.