Балкан
5. August 2017 - 9:54

Нови графити со закани по живот за Хашим Тачи и Наим Трнава

Нови графти со закани по живот за шефот на косовската држава, Хашим Тачи и првиот човек на Исламската верска заедница, Наим Трнава, се појавија во Приштина.

Камен темелникот за новата џамија е исполнет со заканувачки пораки на кои со црвена и црна боја пишува: „Наим Трнава и Хашим Тачи ќе бидат убиени“.

Првите заканувачки графити по живот се појавија утрото на 1 август на ѕидовите на Филолошкиот факултет во Приштина, а беа упатени кон Тачи, Трнава, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети и неговиот сопартиец и поранешен лидер на движењето „Самоопределување“ Албин Курти.

На еден од графитите пишуваше „Смрт за Наим Трнава и Хашим Тачи-Турчинот“, додека на друг за градоначаликот Ахмети заканата беше: „Ќе бидеш убиен како пес, долу Самоопределување и Албин-Талибанецот“.

Исто така, на графитите пишуваше дека ќе се пролее крв и нема да се дозволи изградба на џамија.

Причина за овие закани, според она што е напишано, е изградбата на големата џамија во населбата „Дарданија“ во Приштина.

Полицијата започна истрага и досега само потврди дека повикани на разговор се неколкумина сведоци.