Нови дрвја ќе пораснат, да не ги изгубиме човечките животи кои што никогаш нема да се вратат, рече Ангелов
Стојанче Ангелов во Тема на денот на Сител телевизија изјави дека нови дрвја ќе пораснат, важно е да се спасат човечките животи.
-Сите држави кога горат бараат меѓународна помош. Ние сме економски слаба држава, уредите за противпожарна заштита се застарени и се во лоша состојба. Може да се направи многу повеќе, верувам дека ова ќе ни биде добра лекција.
Денес ќе одлучиме дали ќе има кризна состојба на дел од територијата на државата затоа што за разлика од вчера денес веќе имаме загрозување на куќи, јас апелирав да се направи благовремена евакуација и да изгори некоја куќа, ќе направиме нова куќа, Владата ќе помогне, општината ќе помогне. Да ги спасиме човечките животи, нови дрвја ќе пораснат, да не ги изгубиме човечките животи кои што никогаш нема да се вратат, рече Ангелов.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење