Македонија
26. December 2022 - 16:45

Нови дојави за бомби во 5 градови во Македонија

Новиот почеток на неделата го одбележаа и нови дојави за бомби низ училиштата. За прв пат дојави дека е поставена експлозивна направа пристигна во две училишта во Прилеп две училишта во струшкиот регион, но сепак дојавите за бомби денеска испразнија и девет скопски училишта, три во Битола и две во Тетово.

По антитерористичките проверки кои ги изврши Министерството за внатрешни работи во посочените училишта, се увиде дека и денеска станува збор за лажни дојави.

Од ресорното министерство велат ги презеле сите потребни активности

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

 Во содржината на мејлот кој бил испратен до училиштата утринава, пишувало дека бомбата ќе пукне за многу брзо и ќе има жртви. Вработените и учениците беа надвор од училиштата се дури траеа проверките, согласно протоколот.