Балкан
6. April 2016 - 11:21

Нови детали за свирепото убиство: Јелена го познавала убиецот кој можеби не е маж

Свирепо убиената пејачка Јелена Марјановиќ го познавала убиецот, смета криминологот Божидар Спасиќ и истакнува дека убиецот морал да има помошник.

На овој простор тешко е да се случи убиство освен ако не е нарачано или однапред припремено, наведе Спасиќ и додаде дека платото каде што трчала Јелена е прегледно што укажува дека убиецот е многу способно лице.

Како што додава, на овој простор тешко е да се побегне, а да не го види никој, да нема траги и никој да не слушне, на пример врисок.

Спасиќ смета дека е интересен фактот дека пејачката се одвоила од семејството и забрзала, па истакнува дека треба да се испита што се случило во семејството ноќта пред убиството, но и какви контакти имала и дали некому му најавила дека ќе трча.

-Морало да биде следен, или на убиецот му е јавено нејзиното движење, а прашањето е зошто забрзала, истакна тој.

Тој додави и дека убиецот не морало да биде маж, како и дека по платото каде трчала убиецот не можел да дојде пешки, и дека морал да има помагач.

Според мислењето на Спасиќ. постојат две опции, дека некој ја ликвидирал Јелена и ја фрлил во каналот, па ги расфрлал нејзините работи, а другата е дека ја зграпчил и ја влечел така што ја изгубила патиката, па телефонот, пишува порталот на Пинк.

Тој додава дека важно е да се истражи мотивот за убиството. Според неговите зборови не треба да се запостават семејните околности, ниту да се исклучи таканареченото модерно убиство, кое би било поврзано со следбениците од социјалните мрежи.

Спасиќ оценува дека ДНК кога во прашање се членови на семејството, целосно е непотребен.