Џет-Сет
17. April 2018 - 10:27

Нови детали за страшната ноќ: Пред да ја претепа Наташа, Лука излегол од клуб каде се забавувал со две девојки

Лука Лазукиќ во ноќта меѓу петокот и саботата пред да ја претепа сопругата Наташа Беквалац е виден во еден белградски клуб со две девојки.

-Лука пред самата кавга и нападот врз Наташа се забавуваше во популарниот белградски клуб, во друштво на пријател, но и женски лица. По забавата, го видовме Лазукиќ како го напушта барот со другарот, но и со двете девојки со кои замина во непознат правец, открива очевидецот.

Тепачката со Наташа се случила по кавга околу пари, а Наташа во телефонот на Лука пронашла и пораки од други жени. Лука пред пејачката имаше еден брак, а како што самиот кажа, поранешната сопруга ја фатил во кревет со друг маж.

На Лазукиќ му е изречена забрана за приоѓање на Наташа од месец дена, откако во Првиот основен суд врз основа на докази е оценето дека тој би можел да биде опасен по безбедноста на Беквалац.

Ново на Сител