Македонија
7. January 2018 - 13:18

Нови детали за пожарот кај Собрание - дел од станарите не може да излезат од зградата

Пожарот кој избувна во стан кај Собрание на улицата Даме Груев бил успешно изгаснат од пожарникарите пред да се прошири. На улицата вријат пожарникарски возила и возила на Брза помош.

Станарите изјавиле дека долго имале проблем со станарот, па не се сомневаат дека го запалил станот, а тој сега е во полициска станица.

Неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.

Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.