Свет
12. January 2019 - 21:08

Нови детали за хоророт во Отава: Луѓе паѓаа од катот на автобусот кога удри во станицата, тројца загинати и 14 повредени

 

Три лица загинаа, а 23 се повредени во сообраќајна несреќа во Отава кога градски автобус се залета во автобуска станица во квартот Вестборо во петокот вечерта.

Градоначалникот Џим Вотсон им рече на новинарите дека двајца патници и лице кое чекало на станицата загинале во „ужасната несреќа“.

Четиринаесет лица се во критична состојба, тврдат во Итната помош. Сударот на автобусот на кат се случил околу 16 часот попладне по локално време.

Сведоците опишаа детали од несреќата, тела како излетуваа од катот на автобусот кој бил полн со патници во моментот кога удрил во станицата.

Полицијата настојува да ги открие причините за тешката несреќа, вклучувајќи ги заледните улици и студеното време.

Возачот на автобусот е задржан во полиција поради испитување.