Македонија
9. September 2018 - 14:52

Нови детали за хоророт во Дебар: Што призна, а што премолчи жената осомничена дека ги убила своите родители и малата сестра?

Триесет дена е продолжен притворот на ќерката од тројното убиство во Дебар, која се уште е главна тема и во Македонија и во медиумите од регионот, но и светот.

Блерта Поцеста која е главна осомничена за убиството на мајката, таткото и помалата сестра, во нивниот дом во Дебар, тврди на полицијата дека таа не пукала. Таа призна дека го нарачала ликвидирањето, поради што притвор добија уште двајца мажи кои и помагале, но иако се најдени само нејзини траги, тврди дека таа не пукала.

Сепак, полицијата според доказите е убедена дека таа ги убила родителите.

Настанот го потресе Дебар, како и цела Македонија. Семејството било вратено од Италија каде со години живее и работи, а Блерта ги убила бидејќи не и дале да се омажи за Италијанец, како што изјави на полицијата.

Семејството цели 17 часа лежело во крв пред да биде најдено, а сцените биле страшни.

Блерта заминала во Италија, па кога и јавиле за убиството за кое наводно не знаела, се вратила пак во Дебар за да ги оплакува своите мајка, татко и сестра.