Балкан
25. јуни 2016 - 14:13

Нови детали од автобуската несреќа- Возачот не може да спие поради загинатите патници

Елмир С (57), возачот на словенечкиот автобус кој на 21. јуни предизвика сообраќајна несреќа во која повредени биле 23 туристи, по несреќата се бранел дека не заспал позади воланот, туку дека до сударот дошол откако му пукнала шофершајбната. Според неофицијалните информации, тој раскажал дека ветробранското стакло пукнало затоа што во него удрило камен или нешто друго. 

- По неговите зборови нешто удрило во шофершајбната по што стаклото почнало да пука и да не можел ништо да види низ него. Се обидел да го запре автобусот на десната коловозна лента, а бидејќи не го видел патот земјата го повлекла автобусот, кој се слизнал од патот и се превртел, вели близок пријател од истрагата. Возачот е лесно повреден, но е во тешка психичка состојба. 

- Тешко се помирува со фактот дека загинале пет патника, додава изворот.