Балкан
16. April 2016 - 11:03

Нови детали: Братот на Зоран паднал на полиграф, полицијата смета дека тој знае кој, каде и како ја убил Јелена

Родениот брат на Зоран, сопругот на Јелена, падна на полиграфското испрашување, баш како и поголемиот дел на семејството Марјановиќ. Полицијата се сомнева дека Милош Марјановиќ би можел да знае кога и како е убиена пејачката, дури и кој е убиецот.
 
Соговорници од истрагата за српски „Информер“ велат дека речиси е сигурно дека деверот на Јелена бил многу добро запознает за брачните односи на неговиот брат и снаата и дека со самото тоа, тој молчи за некои работи кои би допринеле за откривањето на вистината.
 
– Сосем е јасно дека братот на Зоран, Милош, ја знае целата историја за овој случај или да бидам попрецизен, упатен е во деталите за брачните односи на својот брат и снаата. Тие двајца се многу блиски, а истовремено Милош живееше под истиот покрив со Зоран и Јелена. Оттука, ако постои нешто во таа куќа што би можело да доведе до злосторството, тој е упатен во тоа. Меѓутоа, постојат индиции дека Милош крие информации поврзани за самото убиство на Јелена. За тоа говори и фактот што баш како неговите татко и брат, и тој падна на тестирањето со полиграф. Милош, слично како и неговиот татко Владимир, многу несигурно одговараше на прашањата дали крие нешто поврзано со злосторството и дали знае дали неговиот брат е вмешан во убиството на Јелена. Поради сето ова, истрагата е проширена и за него – вели изворот на порталот од полицијата.