Свет
3. јуни 2016 - 8:26

Нови демонстрации во Венецуела

Демонстранти се судрија со полицијата во Каракас во моменти на тензии заради политичката и економска криза во Венецуела, јави ДПА.

Протестите против недостигот од прехранбени продукти преминаа во насилства и полицијата употреби солзавец врз демонстрантите кои се обидоа да дојдат до претседателската палата.

Националниот сојуз на новинари соопшти дека 11 новинари биле претепани.

Венецуела е во тешка економска криза која дополнително е изострена со политичките несогласувања меѓу социјалистичката влада на претседателот Николас Мадуро и опозицијата која има мнозинство во парламентот по изборите во декември. Секојдневие станаа рестрикциите на струја и недостигот од прехранбени продукти, а инфлацијата е меѓу највисоките во светот.