Бизнис
20. September 2023 - 16:32

Нови цени во маркетите

Бел леб за 29 денари, млеко 62, јогурт 64, 10 јајца 62 денари. Ова се новите, намалени цени за дел од производите, по вчерашната владина одлука за замрзнување на цените. Некои маркети уште утринава ги лепеа ознаките гарантирана цени  и поевтинија над 250 артикли. Останатите најавија дека ќе ги намалат цените до крајот на денот. Значителен пад на цената има кај сирењето, кашкавалот, месото и сите видови овошје и зеленчук. Граѓаните задоволни, цените изминативе месеци постојано одеа нагоре, велат редно е да паднат.

Вчера владата ја објави листата прехранбени производи кои не смеат да се продаваат по повисока цена од онаа која важела на 1 август годинава. Министерот Бектеши очекува и други производители и увозници  кои не се дел од мерката да се приклучат кон иницијативата за подобрување на стандардот кај граѓаните. Денеска таква најава дојде од производителите на алкохолни и безалкохолни пијалоци, кои на министерот му ветиле дека ќе ги намалат цените за 10 отсто.

Во меѓувреме, со контроли до крајот на денот треба да почне Државниот пазарен инспекторат, од каде најавуваат покрај парични казни и клуч на врата на маркетите кои нема да ја почитувата одлуката.

Мерката ќе трае до 30 ти ноември и очекувањата на наделжните се преполовување на инфлацијата. Од 8,3 во август, да се намали на 4 до 5 отсто до крајот на годината.