Македонија
19. јуни 2020 - 16:59

Нови бомби за Рекет: Адвокат наводно бара 6 милиони за случајот Империја

Во аудио снимка објавена на интернет адвокат од Скопје од бизнисмен бара 6 милиони евра за да смени судска одлука. Снимката на која наводно се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков беше oбјавена на YoutUbe.

„Тие како што ми рекоа, ама јас мислам дека треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам нешто, тие многу забегаа, не очекував толку многу. Сега за сега 6 милиона“ – се слуша во снимката гласот кој наводно е на адвокатот кој пак и е брат на судијката Весна Димишкова која беше судија на претходна постапка во предметот Империја кој СЈО го водеше токму против Орце Камчев кој ги обезбеди снимките во случајот Рекет.

Податоците од аудио снимката целосно се поклопуваат со сведочењето на Ана Камчева која уште тогаш посочи дека Васил Димишков го рекетирал Орце Камчев за сума од 6 милиони евра. Таа пред судот сведочеше дека Димишков коментирал дека сумата е многу висока бидејќи со неа, ќе треба да се пензионира неговата сестра.

Инаку судијката Весна Димишкова водеше серија звучни предмети, а лично се потпиша и на решението со кое беше замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Својот потпис го стави и на ослободителната пресуда за екс премиерот Заев за случајот поткуп, при тоа, извинувајќи му се што морал да доаѓа на судењата.