Македонија
3. February 2016 - 13:38

Нови автобуски постојки на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Град Скопје и ЈСП почнаа со поставувањето нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

Како што информираат од градот, во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“.

Овој проект е во вредност од 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и ЈСП-Скопје.