Македонија
16. јуни 2018 - 19:37

Нови археолошки истражувања кај Градиште во Охрид

Локалитетот „Плоча-Миќов Град“ кај Градиште   и струшки Врбник може да се најдат на листата на светско наследство на Унеско по теркот на Швајцарија која веќе има поголем број на заштитени вакви живеалишта . Добрите познавачи велат дека сличноста е зачудувачка на наколните населби на  Охридското езеро и оние во Швајцарија. Со новите дендрохронолошки истражувања кои за прва пат се изведуваат во земјава  ќе се анализираат дрвените колци се со цел да се утврди староста на градбата и нејзиниот изглед .

Според податоците населбата Заливот на коските била активна пред 3000 години изработена од дрвени колци на кои се поставувале платформи за една или повеќе куќи.

Првите археолошки ископувања на локалитетот „Плоча-Миќов Град“ се реализирани пред петнаесетина години и е направена реконструкција на населбата којашто и денес привлекува голем број гости.

Токму тука кај Заливот на коските љубители на минатото ќе може да се запознаат со процесот на истражување на една наколна населба, но и да дознаат повеќе за времето и начинот на живеење во праисторијата.