Нови апарати за Општа болница Кавадарци
Продолжува континуитетот во набавка на нова опрема за Општата болница во Кавадарци од страна на Министерството за здравство. Најавени се нови 54 апарати за медицинска заштита на околу 80 илјади пациенти од регионот. Апаратите се вредни близу еден милион евра. За ова денеска информираше Орцо Ангеловски, директор на јавната здравствена установа.
Како што информира, во наредниот период, сукцесивно треба да добијат апарат за компјутеризирана томографија, два автоклава, анестезиолошки апарат, автоклав за централна стерилизација на оперативен веш, апарат за ехографија со пулсен, континуиран пауер доплер, ултрасонографски апарат со конвексна сонда 3Д-4Д сонда, колор доплер и вагинална сонда, колор доплер сонограф и други апарати.
- На овој начин Министерството за здравство и Владата на Република Македонија се трудат потребите на населението да ги задоволат со тоа што медицинската заштита ќе биде што поблиску до нивното место на живеење. Ќе се добијат нови услуги кои досега не се давале во нашата болница. Со тоа ќе се намалат трошоците и времето на чекање. Секако тоа ќе биде од голем интерес за нашите пациенти, ќе се подобри и дијагностиката, нагласи Ангеловски.
Тој додаде дека Општа болница Кавадарци неколку години во континуитет добива медицинска опрема од Министерството за здравство.
- Годинава се добиени три нови апарати со комплетно три нови методи на здравствена заштита, кои веќе функционираат. Добиен е мамограф за скрининг и редовни контроли на дојка кај жените, за откривање на малигни болести. Функционираат и два апарата на одделот за невропсихијатрија. Имаме донација на гастроскоп од фабриката Дрекслмаер, кој ќе биде ставен во функција од крајот на оваа седмица, информираше директорот.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово