Нови американски санкции за Куба
САД воведоа нови санкции кон Куба поради кршење на човековите права и поради поддршката на Хавана за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Американското Министерство за трговија наведе дека ги поништува постоечките дозволи за изнајмување на авиони за кубанските државни авиопревозници и оти нема да издава нов.
Со санкциите ќе бидат опфатени и повеќе странски артикли кои содржат американски делови.
– Овој акт на Министерството за трговија испраќа нова јасна порака до кубанскиот режим – мора веднап да престане со своето уривачко однесување дома и во странство, истакна министерот за трговија Вилбур Рос.
Претседателот на Куба, Мигел Дијас Канел ја осуди американската одлука и на Твитер ја нарече „нехумана, сурова, нефер и геноцидна“.
Односите помеѓу САД и Куба се влошија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата администрација го ограничи патувањето на Кува и воведе нови економски санкции кон Хавана.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак