Македонија
16. December 2019 - 10:39

Нови 9.500 канти за отпадоци во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ во соработка со општина Струмица заврши со доставувањето на нови канти за отпадоци, информираат од струмичкото комунално претпријатие.

-Поделени се бесплатно околу 9.500 нови пластични канти со зафатнина од 120 литри со цел да се подобри квалитетот на собирање на отпад од домаќинствата и улиците да бидат почисти и поуредени, информира Бранко Ѓоргиев од „Комуналец“.

Покрај делењето канти во текот на годината се поставени и 300 нови контејнери на повеќе локации во градот за одлагање на сметот од објектите за колективно домување.

Од „Комуналец“ додаваат дека граѓаните кои не добиле канти поради нивно отсуство во текот на делењето ќе можат да ги подигнат од дворот на претпријатието со лична карта од носителот на комуналното право.

Досегашните дотраени метални канти се набавени пред повеќе од 20 години, а нивната замена со нови почна во август годинава, најпрвин во населените места, а потоа и во градот.