Македонија
15. November 2015 - 16:28

Нови 75 вработувања во Брзата помош

Скопската Брза помош се зајакнува со 35 нови тимови. До крајот на годината во Итната помош ќе има 75 нови вработувања, 35 доктори, 20 сестри и 20 возачи. Сите ќе поминат едно месечна обука  во странство. Паралелно ќе се набават уште 12 најсовремени возила. Најавени се и три нови пунктови во Петровец, Сарај и Чучер Сандево. Со сегашните 25 службата  кон средината на февруари ќе има вкупно 70 екипи за спасување на човечки животи.

- Кои ќе работат во три смени (12 екипи во прва смена, 15 во втора смена кога е и најголемиот пик, и 9 екипи во трета смена),  како дополнување на постојните 25 тимови. 
Зголемувањето на ресурсите со кои располага итната медицинска помош ќе ни овозможи и подобра распределба односно поставување на возилата и тимовите на територијата што ја покрива здравствениот дом Скопје, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Зајакнувањето на Службата со кадар и возила и отварање нови пунктови  треба да го намали просечното време за интервенција. Сегашните 38  треба да се сведат на 19 минути потребни за укажување на прва помош и во најодалеченото место во главниот град.

Скопската Брза помош покрива територија со 800.000 жители. Дневно екипите имаат од 80-120 интервенции.