Нови 6 месеци затвор за Александар Василевски-Нинџа
Александар Василевски-Нинџа, кој е осуден на затворска казна за упадот во Собранието што се случи на 27 април, доби нова затворска казна од шест месеци откако пред Основниот кривичен суд – Скопје признал вина за помагање бегство на две лица.
Од Кривичниот суд за МИА, потврдуваат дека Василевски – Нинџа е осуден на шест месеци затвор откако признал вина за кривично дело „помагање на сторител при вршење на кривично дело“, без да прецизираат за кого станува збор.
Станува збор за неправосилна првостпена пресуда, за која страните имаат право на жалба на висината на казната.
Нинџа, според пишувањето на дел од медиумте, помогнал при бегство поранешниот началник на Петтата управа во УБК Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошковски, кои се осудени во предметот за масовното прислушување.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата