Балкан
25. July 2016 - 9:59

Нови 3.000 судии и обвинители ќе бидат именувани во Турција

Три илјади нови судии и јавни обвинители ќе бидат именувани во Турција, кои ќе ги пополнат слободните работни места на илјадници државни службеници кои беа отпуштени од работа по обидот за преврат на 15 јули, истакна турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

- Нема да дозволиме загриженост кај нашите граѓани. Преземаме мерки да се погрижиме за тоа, изјави Боздаг.

Турскиот министер потврди дека Владата веќе организирала 1.500 тестирања во ноември за идни судии и обвинители. Според него, тој број двојно се зголемил поради „неодамнешните случувања“.

Министерот за образование Исмет Јилмаз вчера истакна дека Турција планира да вработи над 20.000 професори, кои ќе ги заменат нивните колеги кои добија отказ поради сомнеж дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.