Македонија
24. March 2020 - 15:55

Нови 12 случаи со коронавирус, 7 во Скопје и 5 во Куманово - вкупно 148 дијагностицирани

Нови 12 заразени со коронавирус во земјава. Бројката е намалена за половина од вчера и завчера. Министерството за здравство информираше дека во изминатото деноноќие регистрирани се 7 нови случаи во Скопје и 5 во Куманово.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до пладне изнесува 148 лица од кои пациент е излекуван, а двајца починаа.

Според местото на живеење, досега случаи со коронавирус се регистрирани во:
- Скопје (88)
- Дебар (40) - од кои 1 починат
- Куманово (8) – од кои 1 починат
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)

Според анализата на Институтот за јавно здравје најмладиот заболен во земјава  е на две годишна возраст, а највозрасниот има 91 година. Односно просечната возраст е 42 години. Најголем број од заболените се од 30 до 39 години.