Бизнис
10. April 2018 - 18:21

Нови 100 милиони евра преку ЕИБ за компаниите со камата до 3,2 проценти

Владата на денешната седница разгледа и усвои информацијата во врска со потребата од обезбедување дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија.

Од владината прес-служба наведуваат дека на седницата е укажано  на Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки да се заложи цената на каматата да не надмине 3,2 процента за крајните корисници.