Македонија
15. February 2017 - 16:28

Новата терапија на онкологија ќе го продолжи животот на пациентите

Стопирање на ширењето на ракот и продолжување на животот. Ова според лекарите е бенефитот за пациентите со малигни заболувања со современата терапија најавена за Клиниката за онкологија.  Доктор Мери Пешевска специјализирана за третман на рак на дојка вели дека новите цитостатици ќе ги применуваат кај болни со метастази. За почеток ќе бидат опфатени околу 20 пациенти.

-Кај пациентките со карцином на дојка терапијата со пертузумап е одличен избор.  Кај херпозитивните се дава таа терапија и стручни лица од оваа клиника ќе кажат кој од пациентите треба да го прима лекот. Инаку пертузумапот го зголемува севкупното преживување и времето на прогресија на болеста сеуште се испитува, но е над 50 месеци, вели д-р Мери Пешевска, од Клиниката за онкологија.

И Клиниката за онкологија била дел од светски научни студии за испитување на ефиксноста на новиот лек.

-Се применуваше во 2 клинички студии Клеопатра и Маријане и покажа одлични резултати. 2-3 пациентки со метастатски рак на дојка и сеуште се живи, здрави, фолоуап им се прави редовно. Лекот лесно се применува и нема несакани ефекти, се проверува само ЕХО на срце, додаде д-р Пешевска.

Новата бесплатна терапија за карцином на дојка Клиниката ќе ја добие кон средината на април. Паралено ќе почнат да се применуваат и современи цитостатици за рак на дебело црево, црн дроб и бели дробови, а веќе се користат поефикасни лекови за третман на меланом и рак на бубрег. Годишната тераоија за  околу 200 пациенти ќе чини околу 1,5 милион евра.